Zanussi ZCE54001WA Manual do usuário

Tipo
Manual do usuário
Упатство за ракување 2
Manual de instruções 21
MK
PT
ZCE54001WA
Шпорет
Fogão
Содржина
Безбедносни информации 2
Инструкции за безбедност 4
Опис на производот 6
Пред првата употреба 7
Грејна плоча - Секојдневна употреба 8
Грејна плоча - корисни предлози и
совети 8
Грејна плоча - грижа и чистење
9
Рерна - секојдневна употреба 9
Рерна - Користење на приборот 10
Рерна - Помош и совети 11
Рерна- грижа и чистење 14
Решавање на проблеми 16
Монтажа 17
Енергетска ефикасност 19
Можноста за промени е задржана.
Безбедносни информации
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се
достапни се жешки.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
2 www.zanussi.com
Општа безбедност
Само квалификувано лице може да го монтира уредот и
да го замени кабелот.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на површина за готвење со маст или масло
без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
Металните предмети, какви што се ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на површината
за готвење бидејќи може да се вжештат.
Апаратот се загрева во внатрешноста при работа. Не
допирајте ги греачите што се наоѓаат во апаратот.
Секогаш користете ракавици за рерна за вадење или
ставање прибор или огноотпорни садови.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот од струја.
Пред да ја менувате светилката во рерната, проверете
дали уредот е исклучен, за да ја избегнете можноста од
струен удар.
Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на вратата,
бидејќи тоа може да предизвика прскање на стаклото.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
Овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
Средството за исклучување мора да биде вградено во
фиксираниот кабел во согласност со правилата за
поврзување кабли.
www.zanussi.com 3
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Не влечете го апаратот за рачката.
Кујнските плакари и владбнатините
мора да имаат соодветни димензии.
Одржувајте минимална оддалеченост
од другите апарати и делови.
Проверете дали апаратот е монтиран
под и во близина на безбедна
структура.
Некои делови од апаратот имаат струја.
Затворете го апаратот со мебел за да
спречите негово допирање со опасни
делови.
Страните на апаратот мора да останат
во близина на апаратите или до
уредите со иста висина.
Не поставувајте го апаратот врз
платформа.
Не монтирајте го апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
Потрудете се да монтирате
стабилизатори за да спречите
накривување на апаратот. Видете во
поглавјето за Монтажа.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Не дозволувајте кабелот да дојде во
допир со или да биде близу до вратата
на апаратот, особено кога вратата е
жешка.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора
да се поврзе на таков начин што нема
да може да се извади без алатки.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од
приклучокот за струја од сите полови.
Изолацискиот уред мора да има
контактен отвор со ширина од најмалку
3 mm.
Целосно затворете ја вратата на
апаратот пред да го поврзeте главниот
штекер со приклучокот за струја.
Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда и
изгореници.
Опасност од струен удар.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Погрижете се отворите за вентилација
да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
4 www.zanussi.com
Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
Внимавајте кога ја отворате вратата на
апаратот додека тој работи. Може да се
ослободи жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор за
складирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и изгореници
При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се користи
за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
Внимателно отворајте ја вратата на
апаратот. Користењето на состојки со
алкохол може да предизвика мешање
на алкохол и воздух.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
не ставајте огноотпорни садови или
други предмети директно на дното
на апаратот.
не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
не чувајте влажни чинии или храна
во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
бидете внимателни при
отстранување или поставување на
приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема ефект
врз работата на апаратот. Тоа не е
дефект во смисол на гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
Не оставајте садовите за готвење да
вријат на суво.
Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот.
Може да се оштети површината.
Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот или директно на дното на
апаратот.
Приборот за готвење направен од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини. Овие предмети секогаш
кревајте ги кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
Овој апарат е наменет само за готвење.
Не смее да се користи за други намени,
на пример за загревање на простории.
Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
Пред одржување, исклучете го
апаратот.
Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените плочи
на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот
на површината.
Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
www.zanussi.com 5
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
Доколку користите спреј за рерна,
почитувајте ги безбедносните упатства
на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
Внатрешна светилка
Видот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е
само за употреба во апарати за
домаќинство. Не употребувајте ја за
осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од напојувањето.
Користете само светилки со истите
спецификации.
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
Опис на производот
Генерален преглед
1
2
3
4
8
6
7
1 3 4 52
1
Копчиња за површината за готвење
2
Светло за температура / симбол /
показно светло
3
Копче за температура
4
Копче за функции на рерната
5
Светло за површина за готвење /
симбол / показно светло
6
Скара
7
Светло
8
Положби на решетките
6 www.zanussi.com
Распоред на површината за готвење
145 mm
145 mm
180 mm
180 mm
5
1 2 3
4
1
Рингла 1000 W
2
Одвод за пареа - бројот и положбата
зависат од моделот
3
Рингла 1500 W
4
Рингла 1000 W
5
Рингла 2000 W
Прибор
Решетка
За садови за готвење, калапи за торта,
тави за печење.
Плех за печење
За колачи и кори.
Оддел за чување
Одделот за чување е под печката. За да
го користите одделот, кренете ја
долната предна врата, а потоа
повлечете ја надолу.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Одделот за чување може да
стане жежок кога апаратот
работи.
Пред првата употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Прво чистење
Извадете ги сите додатоци од апаратот.
Видете го поглавјето „Нега и
чистење“.
Исчистете го апаратот пред првата
употреба.
Ставете ги додатоците во нивната
првобитна позиција.
Предзагревање
Загрејте го апаратот додека е празен за да
ја изгорите преостанатата маснотија.
1. Поставете ја функцијата на печката и
максималната температура.
2. Оставете го апаратот да работи околу
еден час.
3. Поставете ја функцијата на печката и
максималната температура.
Највисоката температура за оваа
функција е 210°C.
4. Оставете го апаратот да работи околу
15 минути.
Дополнителниот прибор може да стане
потопол од обично. Апаратот може да
испушта миризба и чад. Тоа е нормално.
Погрижете се да има доволен проток на
воздух во собата.
www.zanussi.com 7
Монтирање капак на одводот за пареа
Се однесува само за капак на бел шпорет.
Само за одбрани модели.
Жешкиот воздух што излегува од одводот
за пареа може да предизвика
обезбојување на белиот капак на
шпоретот. Оваа површина станува жолта.
За да го спречите ова, монтирајте капак на
одводот за пареа.
1. Поставете ги закачалките на капакот
под предниот раб на отворите на
одводот за пареа.
2. Притиснете го надолу задниот раб за
да го прицврстите капакот.
Грејна плоча - Секојдневна употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Поставка на топлина
Знаци Функција
Положба исклучено
1 - 6 Поставки за топлина
Користете ја преостанатата
топлина за да ја намалите
потрошувачката на енергија.
Исклучете ја ринглата околу 5 -
10 минути пред да заврши
процесот на готвење.
Свртете го копчето на потребната поставка
за топлината.
Показателот за контрола на грејната плоча
се пали.
За завршување на готвењето, завртете го
копчето во положбата исклучено.
Ако сите рингли се исклучени, показателот
за контрола на грејната плоча се
исклучува.
Користење на рингла за брзо
загревање
Црвената точка вo средината на плотната
е знак за брза рингла. Брзата рингла се
загрева побрзо од вообичаенитe рингли.
Црвените точки се обоени на ринглите. Тие
може да избледат со користењето и дури и
потполно да исчезнат после одредено
време. Ова нема влијание врз работата на
апаратот.
Грејна плоча - корисни предлози и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Садови за готвење
Дното на садовите за готвење
треба да е што е можно
подебело и порамно.
8 www.zanussi.com
Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте капак на
садот за готвење.
Садовите за готвење треба да се
ставаат на ринглата пред вклучувањето.
Користете ја преостаната топлина за да
ја зачувата храната топла или да ја
стопите.
Дното од тенџерето и ринглата треба да
бидат со иста големина.
Примери на апликации за готвење
Поста
вува
ње на
топли
ната:
Примена:
1 Одржување топлина
Поста
вува
ње на
топли
ната:
Примена:
2 Благо крчкање
3 Крчкање
4 Пржење / запекување
5 Зовривање
6 Зовривање / запржување /
пржење
Грејна плоча - грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата на
апаратот.
Не’рѓосувачки челик
За рабовите на површината за готвење
од не'рѓосувачки челик користете
специјално средство за чистење
не'рѓосувачки челик.
Рабовите од не’рѓосувачки челик на
плотната може да ја променат бојата
како резултат на високата температура.
Измијте ги деловите од не’рѓосувачки
челик со вода, а потоа избришете ги со
мека крпа.
Чистење на електричната рингла
1. Користете прашок за чистење или
сунѓер за чистење.
2. Чистете ја плотната за готвење со
влажна крпа и малку детергент.
3. Загрејте ја ринглата на ниска
температура и оставете ја да се исуши.
4. За да ги одржувате ринглите во добра
состојба, подмачкувајте ги редовно со
масло за подмачкување на машина за
шиење. Исполирајте го маслото со
хартија што впива.
Рерна - секојдневна употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
www.zanussi.com 9
Вклучување и исклучување на
апаратот
Во зависност од моделот,
вашиот апарат може да има
копчиња со симболи, показни
светла или светла:
Показното светло се пали
кога печката се загрева.
Свелото се пали кога
апаратот работи.
Симболот покажува дали
копчето контролира некоја од
ринглите, функциите на
печката или температурата.
1. Завртете го контролното тркалце за
функциите на печката за да изберете
функција на печката.
2. Завртете го копчето за контрола на
температурата за да изберете
температура.
3. За да го исклучите апаратот, свртете ги
тркалцата за функциите на печката и
температурата на позиција исклучено.
Безбедносен термостат
Неправилната работа на апаратот или
дефектните компоненти може да
предизвикаат опасно прегревање. За да се
спречи тоа, печката има безбедносен
термостат што го прекинува напојувањето
со струја. Печката автоматски се вклучува
повторно кога температурата ќе се намали.
Функции на рерната
Знак Функции на рерната Примена
Положба исклучено Апаратот е исклучен.
Вообичаено готвење За печење тесто и месо на 1 ниво на решетката.
За пица поставете го тркалцето за контрола на
температурата на .
Долен греач За печење колачи со крцкав долен дел и за
конзервирање зимница.
Горен греач За запекување на леб, колачи и печива. За
довршување зготвени јадења.
Печење на скара За печење на рамни парчиња храна и за печење
тостови.
Максималната температура за оваа функција е 210°C.
Рерна - Користење на приборот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Вметнување на дополнителниот
прибор
Решетка:
10 www.zanussi.com
Решетката има специјална
форма на задниот дел кој го
помага циркулирањето на
топлината.
Турнете ја решетката на одредена
позиција. Таа не смее да го допира
задниот ѕид на печката.
Плех:
Не туркајте го садот за печење
до крај до задниот ѕид во
внатрешноста на печката. Тоа го
спречува кружењето на
топлината околу садот. Храната
може да загори, особено во
задниот дел на садот.
Ставете го плехот или длабоката тава на
решетката. Таа не смее да го допира
задниот ѕид на печката.
Рерна - Помош и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Температурата и времињата на
печење во табелите се дадени
само како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките што се
употребуваат.
Општи информации
Апаратот има четири позиции на
решетката. Бројте ги нивоата на
решетките од долниот дел на апаратот.
На апаратот или на стаклените плочи на
вратата може да кондензира влага. Тоа
е нормално. Додека готвите, секогаш
стојте подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата. За да ја намалите
кондензацијата, загрејте го апаратот
околу 10 минути пред готвењето.
Избришете ја влагата по секоја
употреба на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги предметите
директно на дното на апаратот и не
покривајте кој било дел со
алуминиумска фолија. Тоа може да
влијае на резултатите на печењето и да
го оштети емајлот.
Печење
Вашата рерна може да ги пече тестото
или месото различно од апаратот што
сте го имале порано. Приспособете ги
вашите вообичаени поставки
(температура, траење на готвењето) и
нивоата на решетката кон вредностите
во табелите.
Производителот препорачува првиот
пат да ја користите пониската
температура.
Ако не можете да ги најдете поставките
за одреден рецепт, побарајте некој што
е скоро ист.
Времето на печење може да се
продолжи за 10-15 минути доколку
печете колачи на повеќе нивоа.
www.zanussi.com 11
Колачите и печивата со различна
висина не потемнуваат еднакво првиот
пат. Доколку дојде до тоа, не менувајте
ги поставките за температурата.
Разликата ќе се израмни во текот на
печењето.
При подолго време на печење, можете
да ја исклучите рерната приближно 10
минути пред истекување на времето за
печење, а потоа да ja искористите
преостанатата топлина.
Кога готвите замрзната храна, плеховите
во рерната можат да се извиткаат во текот
на печењето. Кога повторно ќе се изладат,
изобличувањата ќе исчезнат.
Печење колачи
Не отворајте ја вратата на рерната пред
да поминат 3/4 од времето за печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото помеѓу
нив празно.
Готвење месо и риба
Користете длабока тава за многу мрсна
храна за да спречите појава на трајни
дамки во печката.
Оставете го месото да постои околу 15
минути пред да го сечете за да не му
истечат соковите.
За да спречете појава на многу чад во
печката за време на печењето месо,
додадете малку вода во длабоката
тава. За спречување на кондензација на
чад, додадете вода секогаш кога истата
ќе се исуши.
Времетраење на готвењето
Времетраењето на готвењето зависи од
видот на храна, нејзината густина и
зафатнина.
На почеток, следете го работењето на
рерната кога готвите. Најдете ги
најдобрите поставки (температура, време
на готвење итн.) за вашите садови,
рецепти и количества кога го користите
овој апарат.
Вообичаено готвење
Храна Количина
(g)
Температур
а (°C)
Време
(мин.)
Ниво
на
решетк
ата
Прибор
Печиво во форма
на стапчиња
250 150 25 - 30 3 плех за печење
Рамна торта
1)
1000 160 - 170 30 - 35 2 плех за печење
Колач со квасец,
со јаболка
2000 170 - 190 40 - 50 3 плех за печење
Пита со јаболка
2)
1200 + 1200 180 - 200 50 - 60 1 2 тркалезни
алуминиумски
плеха (дијаметар:
20 cm)
Ситни колачи
1)
500 160 - 170 25 - 30 2 плех за печење
12 www.zanussi.com
Храна Количина
(g)
Температур
а (°C)
Време
(мин.)
Ниво
на
решетк
ата
Прибор
Пандишпан без
маснотии
1)
350 160 - 170 25 - 30 1 1 тркалезен
алуминиумски
плех (дијаметар:
26 cm)
Колач со прелив 1500 160 - 170
45 - 55
3)
2 плех за печење
Пиле, цело 1350 200 - 220 60 - 70 2 решетка
1 плех за печење
Половина пиле 1300 190 - 210 35 + 30 3 решетка
1 плех за печење
Печени свински
котлети
600 190 - 210 30 - 35 3 Решетка
1 плех за печење
Подлога од леб
4)
800 230 - 250 10 - 15 2 плех за печење
Полнет колач со
квасец
5)
1200 170 - 180 25 - 35 2 плех за печење
Пица 1000 200 - 220 25 - 35 2 плех за печење
Колач со сирење 2600 170 - 190 60 - 70 2 плех за печење
Подлога за
швајцарска пита
со јаболка
5)
1900 200 - 220 30 - 40 1 плех за печење
Божиќен колач
5)
2400 170 - 180
55 - 65
6)
2 плех за печење
Киш лорен
5)
1000 220 - 230 40 - 50 1 1 тркалезен плех
(дијаметар: 26
cm)
Селски леб
7)
750 + 750 180 - 200 60 - 70 1 2 алуминиумски
плеха (должина:
20 cm)
Романска
пандишпан торта
1)
600 + 600 160 - 170 40 - 50 2 2 алуминиумски
плеха (должина:
25 cm) на истата
позиција на
решетката
www.zanussi.com 13
Храна Количина
(g)
Температур
а (°C)
Време
(мин.)
Ниво
на
решетк
ата
Прибор
Романска
пандишпан торта
- традиционална
600 + 600 160 - 170 30 - 40 2 2 алуминиумски
плеха (должина:
25 cm) на истата
позиција на
решетката
Земички со
квасец
5)
800 200 - 210 10 - 15 2 плех за печење
Бисквитен ролат
1)
500 150 - 170 15 - 20 1 плех за печење
Пуслици 400 100 - 120 40 - 50 2 плех за печење
Колач со трошки
5)
1500 180 - 190 25 - 35 3 плех за печење
Пандишпан
1)
600 160 - 170 25 - 35 3 плех за печење
Колач со путер
1)
600 180 - 200 20 - 25 2 плех за печење
1) Загрејте ја рерната 10 минути.
2) Загрејте ја рерната 15 минути.
3) Откако ќе го исклучите апаратот, оставете го колачот во рерната уште 7 минути.
4) Загрејте ја рерната 20 минути.
5) Загрејте ја рерната 10 - 15 минути.
6) Откако ќе го исклучите апаратот, оставете го колачот во рерната уште 10 минути.
7) Поставете ја температурата на 250 °C и загрејете ја рерната 18 минути.
Поставка за пица
Кога правите пица, за најдобри
резултати, свртете ги
контролните копчиња за
функциите на рерната и за
температурата на рерната на
позицијата Пица.
Рерна- грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Забелешки за чистењето
Предниот дел на апаратот чистете го со
мека крпа натопена со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини
употребете вообичаено средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на апаратот по
секоја употреба. Насобирањето на
мрснотии или други остатоци од храна
може да резултира со пожар.
14 www.zanussi.com
Тврдокорната нечистотија исчистете ја
со специјално средство за чистење
печки.
Чистете го целиот прибор после секоја
употреба и оставете го да се исуши.
Користете мека крпа натопена со топла
вода и средство за чистење.
Ако имате нелеплив прибор, не чистете
го со агресивни средства или остри
предмети, ниту пак во машина за миење
садови. Тоа може да предизвика
оштетување на нелепливиот слој.
Уреди од не’рѓосувачки челик или од
алуминиум
Чистете ја вратата на печката
само со мокар сунгер. Исушете
ја со мека крпа.
Не користете челична жица,
киселини или абразивни
материјали, бидејќи тие можат
да ја оштетат површината.
Чистете ја контролната табла на
печката со истите мерки на
претпазливост.
Чистење на вратата на рерната
Вратата на рерната има две стаклени
плочи монтирани една зад друга. Извадете
ја вратата на рерната за да го олесните
чистењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Доколку се обидете да ја
извадите внатрешната стаклена
плоча додека вратата е сѐ уште
монтирана, таа би можела да се
затвори.
Можете да ја извадите вратата на рерната
за да ја исчистите.
Не разлабавувајте ги завртките.
1. Отворете ја вратата целосно и држете
ги двете шарки.
2. Кренете и завртете ги рачките на двете
шарки.
3. Затворете ја вратата на рерната до
првото запирање (до половина). Потоа
повлечете напред и извадете ја
вратата од лежиштето.
4. Ставете ја вратата врз мека крпа на
стабилна површина.
5. Употребете штрафцигер за вадење на
2 завртки од долниот раб на вратата.
1
1
6. Употребете дрвена или пластична
шпатула или слично за отворање на
внатрешната врата. Држете ја
надворешната врата и притиснете ја
внатрешната врата кон горниот раб на
вратата. Кренете ја внатрешната врата.
www.zanussi.com 15
2
2
3
7. Исчистете ја вратата на рерната со
вода и сапун. Исчистете ја
внатрешноста на вратата. Избришете
ја вратата на рерната внимателно.
Кога ќе завршите со чистењето, монтирајте
ги стаклените плочи и вратата на рерната.
За да ја монтирате вратата на рерната,
повторете ги горенаведените чекори по
обратен редослед.
4
4
5
5
6
Замена на светилката
Ставете крпче на долниот дел од
внатрешноста на апаратот. Со тоа се
спречува оштетување на капачето на
светилката и на внатрешноста.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар!
Исклучете го осигурувачот пред
замена на светилката.
Светилката и стакленото капаче
за светилката може да бидат
жешки.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ги осигурувачите од кутијата
или исклучете го прекинувачот на
струјното коло.
Задна светилка
1. Свртете го стакленото капаче на
светлото налево за да го извадите.
2. Исчистете го стаклениот капак.
3. Заменете го светлото со соодветно
светло огноотпорно на топлина до 300
°C.
4. Монтирајте го стакленото капаче.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
точно поврзан со електрична
енергија.
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Печката не се загрева.
Избил осигурувач. Проверете дали осигурувачот
е причина за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт со
квалификуван електричар.
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Избил осигурувач. Вклучете ја површината за
готвење повторно и поставете
ја температурата за помалку
од 10 секунди.
16 www.zanussi.com
Проблем Можна причина Решение
Светлото не работи. Светлото не е исправно. Заменете го светлото.
На храната и во
внатрешноста на печката се
спушта пареа и кондензација.
Сте ја оставиле храната во
печката многу долго.
Не оставајте ги јадењата во
печката подолго од 15 - 20
минути откако ќе заврши
процесот на готвење.
Печката не се загрева. Не се поставени потребните
поставки.
Проверете дали поставките
се точни.
Храната се готви многу долго
или многу брзо.
Температурата е многу ниска
или многу висока.
Ако е потребно, приспособете
ја температурата. Следете го
советот од упатството за
корисник.
Податоци за сервис
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај Вашиот
продавач или во Овластениот сервисен
центар.
Потребните податоци за сервисниот
центар се на плочката со спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа на
предната рамка во внатрешноста на
апаратот. Не отстранувајте ја плочката со
спецификации од внатрешноста на
апаратот.
Ви препорачуваме податоците да ги впишете тука:
Модел (MOD.) .........................................
Број на производот (PNC) .........................................
Сериски број (S.N.) .........................................
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Поставување на апаратот
Својот самостоен апарат може да го
ставите и со плакарчиња од едната или
двете страни и во агол.
За минимални растојанија за вградување,
проверете ја табелата.
www.zanussi.com 17
A
C
B
Минимални растојанија
Димензија mm
A 400
B 650
C 150
Технички податоци
Димензија mm
Висина 855
Широчина 500
Длабочина 600
Вкупна моќност при работа
на струја
7315 W
Класа на апаратот 1
Нивелирање на апаратот
Користете мали ногарки на дното од
апаратот за да ја поставите горната
површина на ниво со другите површини.
Заштита од навалување
Поставете ја точната висина и местото за
апаратот пред да ја ставите заштитата од
навалување.
ВНИМАНИЕ!
Проверете дали заштитата од
навалување е поставена на
соодветната висина.
Површината зад апаратот треба
да биде мазна.
Мора да ставите заштита од навалување.
Ако не ставите, апаратот ќе се навали.
Вашиот апарат го има симболот прикажан
на сликата (доколку е применливо) за да
ве потсети за монтирањето на заштита од
навалување.
1. Монтирајте ја заштитата од
навалување 317 - 322 mm подолу од
горната површина на апаратот и 80 - 85
mm од страната на апаратот во
кружната дупка на држачот.
Заштрафете ја во цврстиот материјал
или употребете соодветна поткрепа
(ѕид).
18 www.zanussi.com
80-85
mm
317-322
mm
2. Можете да ја најдете дупката на левата
страна на задниот дел од апаратот.
Кренете го предниот дел од апаратот и
ставете го во средината на просторот
меѓу плакарите. Ако просторот меѓу
плакарите е поголем од ширината на
апаратот, мора да ја прилагодите
страничната мерка со центарот на
апаратот.
Ако сте ги смениле димензиите
на шпоретот, мора правилно да
го порамните уредот против
навалување.
ВНИМАНИЕ!
Ако просторот меѓу плакарите е
поголем од ширината на
апаратот, мора да ја
прилагодите страничната мерка
со центарот на апаратот.
Електрична инсталација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Производителот не одговара ако
не ги следите безбедносните
мерки од поглавјето за
Безбедност.
Апаратот се испорачува без приклучок и
кабел за струја.
Употребливи видови кабли: H05 RR-F со
соодветен пресек.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред да го поврзете кабелот за
струја во штекер, измерете го
напонот меѓу фазите во
домашната мрежа. Потоа,
видете на етикетата за
поврзување на задниот дел на
апаратот за да ја користите
правилната електрична
инсталација Овој редослед на
постапки спречува грешки во
инсталацијата и оштетувања на
електричните делови на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Електричниот кабел не смее да
го допира делот од апаратот што
е прикажан на илустрацијата.
Енергетска ефикасност
Етикета на производот и информации за рерни според EU 65-66/2014
Име на снабдувачот Zanussi
www.zanussi.com 19
Идентификација на модел ZCE54001WA
Индекс на енергетска ефикасност 106.3
Класа на енергетска ефикасност A
Потрошувачка на енергија кај нормално полнење,
конвенционален режим
0.84 kWh/cycle
Број на празнини 1
Извор на топлина Електрицитет
Волумен 56 l
Вид рерна Рерна во самостоен шпорет
Маса 41.0 kg
EN 60350-1 - Електрични апарати за
готвење во домаќинство - Дел 1: Шпорети,
рерни, рерни на плин и скари - Методи за
мерење на работата.
Решка - штедење на енергија
Апаратот има функции кои ви помагаат да
заштедите енергија при секојдневното
готвење.
Општи совети
Проверете дали вратата на печката
се затвора правилно кога апаратот е
во функција и држете ја затворена
колку што е тоа можно за време на
готвењето.
Користете метални садови за да
постигнете поголема заштеда на
струја.
Кога е можно, ставете ја храната
внатре во печката без да ја
загревате.
За време на готвење што трае
подолго од 30 минути, намалете ја
температурата на печката на
минимум барем 3-10 минути пред да
истече времето, согласно
времетраењето на готвењето.
Преостанатата топлина во печката
ќе овозможи готвењето да
продолжи.
Користете ја преостанатата топлина
за да ги загреете другите јадења.
Одржување на топла храна - ако
сакате да ја искористите преостанатата
топлина за да го одржите јадењето
топло, изберете ја најниската поставка
за температура.
ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со симболот
. Ставете ја амбалажата во соодветни
контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната
средина и човековото здравје и
рециклирајте го отпадот од електрични и
електронски апарати. Не фрлајте ги
апаратите озанчени со симболот во
отпадот од домаќинството. Вратете го
производот во вашиот локален капацитет
за рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
20 www.zanussi.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40

Zanussi ZCE54001WA Manual do usuário

Tipo
Manual do usuário